четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ветел: Не сум засегнат од коментарите на Хамилтон

Ветел: Не сум засегнат од коментарите на Хамилтон
Ferrari driver Sebastian Vettel of Germany smiles as he walks past, at the Monza racetrack, in Monza, Italy, Thursday, Aug.30, 2018. The Formula one race will be held on Sunday. (AP Photo/Luca Bruno)

Луис Хамилтон ги обвини Ферари за трикови и финти на болидот, за потоа да се корегира и да изјави дека не се сомнева во легалноста на нивниот болид, но не Себастијан Ветел тоа не му пречи и тој не ги разбира коментарите на актуелниот првак. Германецот од Ферари доминираше на минатата трка во Белгија и го намали заостатокто во однос на Хамилтон на 17 поени.

-Мислам дека на прес конференцијата рече нешто како трикови, но мислам дека и многу пати објасни дека не сака да биде пренесен на погрешен начин. Можеби и точно така беше пренесен, не сум сигурен – објасни Ветел.

Тој појасни дека не е засегнат од коментарите на Хамилтон и од обвинувањата дека болидот на Ферари не е согласно правилата. Наместо тоа, Себ сака да наведне глава и да се фокусира на трката и борбата која му претстои.

-За сите нас, дали болидот е легален или не е работа и одлука на ФИА, а ние имавме неколку проверки во текот на минатиот викенд за да се докаже тоа. Се додека не чујам нешто од нив, за мене се е во најдобар ред, а исто и за другите. Можеби тој се прашува каков е нашиот болид, но ние знаеме дека е согласно правилата и затоа ја држиме главата ниско и работиме. Ако постои нешто како моментум, тогаш сакаме да го искористиме на домшната трка и да одиме понатаму – појасни Ветел.

Коронавирус