понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 77
home Останати спортови

Верстапен победи на трката за ГН на Холандија

Верстапен победи на трката за ГН на Холандија

Холанѓанецот Макс Верстапен победи денеска на домашен терен во трката за Големата награда на Холандија и со тоа го презеде водство во генералниот пласман сезонава во формула 1.

Верстапен во првата трка на патеката Замворт во календарот на Ф1 по пауза од 36 години, водеше од стартот до целта, забележувајќи ја на крајот седмата победа оваа сезона, и вкупно 17-та во кариерата.

Второто место го освои актуелниот светски првак, Британецот Луис Хамилтон, е трет беше неговиот клупски колега, Финецот Валтер Ботас.

По 13 трки, Верстапен води во генералниот пласман со 224.5 бодови, три повеќе од второпласираниот Хамилтон. На третото место е Ботас, кој досега собра 123 бодови.Следната трка во календарот на Ф1 е на 12 септември во Монца за Големата награда на Италија.

 

Локални избори 2021