недела, 26. септември 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Верстапен ќе стартува од пол-позицијата во Монца

Верстапен ќе стартува од пол-позицијата во Монца

Валтери Ботас беше најбрз на денешните Формула 1 спринт квалификации одржани на патеката Монца, но иако ќе ги добие трите поени, ќе започне од последното место на утрешната трка.

Менувањето на погонската единица значи дека Финецот ќе биде на опашката на стартот на италијанската патека, а второто место на Макс Верстапен значи пол-позиција.

Верстапен добро се држеше зад Ботас на мини-трката и сега ќе има можност да стартува од најдобрата позиција, додека зад него се Даниел Рикиардо и Ландо Норис.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон ќе стартува од вториот ред, поточно од четвртата позиција, а со денешниот епилог на спринт квалификациите, Верстапен ја зголеми предноста пред Британецот на пет поени.

Покрај водечката четворка, до десеттото место се најдоа Леклер, Саинц, Џовинаци, Перез и Строл.

Коронавирус