среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 143
home Останати спортови

Верстапен: И јас да имав болид како тој на Хамилтон, немаше да бидам агресивен

Верстапен: И јас да имав болид како тој на Хамилтон, немаше да бидам агресивен

Пилотот на Формула 1 тимот, Ред Бул, Макс Верстапен, за кого се шпекулира дека ќе го наследи Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес, постојано во своите изјави го провоцира актуелниот светски првак.

Младиот холандски пилот е познат по агресивниот стил на возење, а тој има и објаснување зошто тоа е така.

-Не мислам дека возам поразлично од претходните години, но можеби и има разлика, сега сум поискусен. Ако имавме болид како тој на Хамилтон, и јас немаше да бидам толку агресивен. Вака, приморан сум да возам така за да бидам конкурентен, инаку тешко е да се тркате со таков моќен болид каков што има Мерцедес, коментира 22-годишниот Верстапен.