среда, 28. јули 2021. Вести денес: 121
home Останати спортови

Велес домаќин на средбите од првиот турнир на Европската Сребрена Лига

Велес домаќин на средбите од првиот турнир на Европската Сребрена Лига

Македонската одбојкарска репрезентација, најверојатно во Велес, ќе ги одигра натпреварите на првиот турнир од Сребрената европска лига .

Одбојкарската федерација на Македонија ја доби организацијата и на турнирот од групата „А“ во која покрај Македонија се и Израел, Кипар и Данска, но и на завршниот Ф4 турнир на кој најдобрите четири селекции од двете групи ќе се борат за титулата во ова европско натпреварување .

„Разговараме, има расположение кај Велес и се надевам дека ќе успееме да се договориме. Има некои работи кои треба да се исполнат за беспрекорна организација, а Велес ќе добие еден голем репрезентативен настан каков што градот во кој одбојката се негува со децении, навистина заслужува“, вели генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

Коронавирус