понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 39
home Останати спортови

Вардар без грешка во пингпонгарската Супер лига

Вардар без грешка во пингпонгарската Супер лига

Во Прилеп изминатиот викенд на програмата беа петтото и шестото коло од двете најквалитетни лиги од првенството во Македонија во пинг-понг.

Во Супер лигата фаворитите лесно ги добија своите натпревари, за што главен показател се резултатите од натпреварите кои завршија со 4:0 или со 4:1. Изненадување е резултатот од шестото коло меѓу градските ривали, прилепските екипи на Младост 96 и Младост.

На врвот на Супер лигашката табела со максимален учинок, шест победи од исто толку одиграни натпревари се наоѓа екипата на Вардар.

Нешто резултатски поинтересно беше во првата лига. Најинтересниот натпревар го одиграа екипите на Пошта 2 и Пелистер. Победата им припадна на „поштарите“ со 4:3. Во решавачкиот натпревар, државниот првак во пионерска конкуренција Даниел Главевски Зхоу, кој настапува за екипата на Пелистер не успеа на Битолчаните да им го донесе вториот триумф оваа сезона. Даниел со убедливи 3:0 изгуби од Баки Тасим од Пошта 2.

За лидерската позиција на прволигашката табела продолжува „мртвата трка“ меѓу екипте на Кочани и Радовиш. Седмото коло го носи нивниот меѓусебен дуел, по што ќе се знае кој ќе презиме како лидер во првата лига.

Екипите на Пелистер и Струга имаат натпревар помалку, нивниот натпревар кој беше одложен ќе биде одигран вторник, 23 Октомври. Следните натпреварите во Супер и Прва лига продолжуваат на 25 ноември во Прилеп. (МИА)

Коронавирус