вторник, 7. февруари 2023. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Најнов биланс: Во земјотресите во Турција и Сирија загинале повеќе од 3.000 луѓе, најмалку 15.500 повредени

home Останати спортови

Валтери Ботас следната сезона ќе вози за Алфа Ромео

Валтери Ботас следната сезона ќе вози за Алфа Ромео

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас следната сезона ќе вози за Алфа Ромео, информира прес -службата на Формула 1. Тој потпиша повеќегодишен договор со тимот.

Финскиот возач во Алфа Ромео ќе го замени својот сонародник, поранешниот светски шампион Кими Раиконен, кој најави пензија на крајот од оваа сезона.

Испразнетото место на Ботас во Мерцедес, многу веројатно ќе го пополни Џорџ Расел.

Во Генералниот пласман на светскиот шампионат во Формула 1, Ботас во моментов се наоѓа на 3. место со освоени 123 бодови. (МИА)