среда, 14. април 2021. Вести денес: 106
home Останати спортови

Валентино Роси ја вози последната сезона во кариерата?!

Валентино Роси ја вози последната сезона во кариерата?!

Големиот шампион Валентино Роси е подготвен да започне уште една сезона во Мото ГП шампионатот.

Италијанецот оваа година ќе ги промени боите и ќе биде дел од екипата на Петронас Јамаха. Заедно со него за успех на тимот ќе се бори неговиот сонародник Франко Морбидели.

Прашањето кое фановите си го поставуваат долго време останува исто – дали оваа сезона ќе биде последна во кариерата на Валентино Роси?

Роси има 42 години и е далеку од своите најдобри денови. Сепак, љубовта кон спортот и верноста на неговите навивачи го тераат да ја продолжи својата приказна на Мото ГП патеките.

Новата сезона ќе започне на патеката „Лосаил“ во Катар на 28 март.

Коронавирус