недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 41
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Останати спортови

Вака ќе изгледа стартниот ред ако не се одржат квалификациите в недела

Вака ќе изгледа стартниот ред ако не се одржат квалификациите в недела

Саботните квалификации за ГН на Јапонија и официјално се откажани поради невреме и силни ветрови.

Како и во два претходни наврати, очекувањата се дека пилотите ќе се борат за пол-позицијата в недела изутрина, во пресрет на трката. Доколку тоа не се случи, стартниот ред ќе биде направен од вторите слободни тренинзи одржани денес.

Според истите, Валтери Ботас ќе стартува пред Луис Хамилтон и Макс Верстапен. Леклерк и Фетел од Ферари ќе стартуваат од четвртата, односно петтата позиција.

Предвидувањата се дека временските услови нема значително да се подобрат до крајот на викендот. Тоа го става во опасност одржувањето на трката на патеката „Сузука“.