Останати спортови

ВАДА бара Јаник Синер да биде суспендиран

ВАДА бара Јаник Синер да биде суспендиран

Портпаролот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) Џејмс Фицџералд потврди дека барањето на ова тело е да биде суспендиран светскиот тенисер број еден Јаник Синер.

Италијанецот двапати беше позитивен во март минатата година на забранетата супстанца клостебол, но беше ослободен од обвиненијата од страна на Меѓународната единица за интегритет во тенис.

– Сметаме дека пресудата „без вина или небрежност“ не е во согласност со важечките правила и бараме суспензија од една до две години. Со текот на годините се прилагодува минималниот праг за разни супстанции кои ненамерно внесуваат забранета супстанција.

Познато е дека има неколку супстанции кои се земаат за да се маскира внесувањето на други супстанции кои се забранети. Затоа е неопходно овие средства за маскирање да се вклучат на листата на забранети супстанции – вели Фицџералд.

To top