понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 60
home Останати спортови

Успешен настап на млади македонски пливачи во Јагодина

Успешен настап на млади македонски пливачи во Јагодина

Пливањето во Македонија има иднина. Потврда на тоа се резултатите кои ги постигнаа младите македонски пливачи на меѓународниот пливачки митинг “XXI Јагодина опен – XII Меморијал Геза” што се одржа на 28.07.2018 година во Јагодина, Република Србија.

Во конкуренција на околу 300 пливачи од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина Бугарија, Малта, Романија беа и  седуммина млади македонски пливачи предводени од тренерот Илија Стојановски кои остварија извонредни резулати при што соборија еден државен рекорд, освоија 2 пехари и 12 медали (7 златни,4 сребрени и 1 бронзен).

Миа Блажевска Еминова (13 години), во дисциплината 200 метри мешано освои златен медал и постави македонски национален рекорд за кадети во 50 метарски базени со време 2:31:13  и со тоа го надмина 20 години стариот државен рекорд на Весна Стојановска (2:32:64), златен медал освои и во дисциплината 100 метри слободно.

Миа Блажевска Еминова се закити и со два пехара и тоа, со резултатите кои ги оствари во двете трки на 100 слободно и 200 мешано е прогласена за најдобар странски пливач додека натпреварот на 200 метри мешано има меморијален карактер за што како победник доби пехар од организаторите.

Никола Радески (16 години) освои две златни медали во дисциплината 50 метри градно и 100 метри градно.

Јован Јанковски (12 години) освои две златни медали во дисциплината 50 метри слободно и 50 метри делфин.

Јаков Велковски (13 години) освои златен  медал во дисциплината 100 метри слободно и бронзен медал во дисциплината 50 метри слободно.

Мартин Стефановски (11 години) освои сребрен медал во дисциплината 100 метри слободно

Ива Китановиќ (11 години) освои две сребрени медали во дисциплината 50 метри слободно и 100 метри слободно.

Теодора Стојановска (9 години) освои сребрен медал во дисциплината 100 метри слободно.

Коронавирус