Првите луѓе на МОТО ГП шампионатот соопштија дека постигнат е договор за нова трка во календарот за 2023 година.
Потпишан е договор за организација на МОТО ГП трка во Унгарија. Трката е предвидено да се одржи на новата патека во близина на градот Дебрецин.
Последен пат Унгарија беше домаќин на трки во 1990 и 1992 година, кога на патеката „Хунгароринг“ која е позната по Ф1 се возеа две трки.
Унгарија претходно се поврзуваше со трка во 2009 година, но тогаш не беше постигнат договор.