понеделник, 18. март 2019. Вести денес: 122
home Останати спортови

Уапсени 83 лица поради местење резултати во тенисот, 28 се професионални тенисери

Уапсени 83 лица поради местење резултати во тенисот, 28 се професионални тенисери

Шпанската полиција уапси 83 лица, од кои 28 професионални тенисери, поради местење резултати на фјучерс и челинџер турнири, објави „Европол“.

Како што се наведува, меѓу уапсените нив е и еден тенисер кој минатата година учествувал на УС Опен, и се сомнева дека вкупно наместил 97 натпревари.

Сè било организирано од криминална банда од Ерменија, која ги поткупувала тенисерите да влијаат на резултатите со цел финансиска добивка, а за да ја обезбедат работата дури и присуствувале лично на некои о дмечевите.

Во текот на операцијата за апсење во Шпанија, одземена е кеса со 167.000 евра, пушка сачмарка, поеќе од 50 електронски уреди, кредитни картички, пет луксузни автомобили, додека блокирани се 42 банкарски сметки.

МИА