вторник, 18. декември 2018. Вести денес: 177
home Останати спортови

Турнирот во Шангај годинава со поголем фонд од Индијан Велс

Турнирот во Шангај годинава со поголем фонд од Индијан Велс

Победникот на Мастерсот во Шангај годинава ќе добие еден милион и 360.000  долари, што пак е за 20.000 повеќе од она што го заработи сезонава освојувачот на Индијан Велс.

Гренд слемовите се турнирите со најголем награден фонд, а Мастерсот во Индијан Велс важеше за турнир со најголем награден фонд меѓу останатите натпреварувања.

Но, годинава Мастерсот во Шангај го надмина американскиот турнир во однос на наградниот фонд. Победникот ќе освои 1.36 милиони долари, финалистот ќе добие 667.000, останатите полуфиналисти по 335.000, додека за сите играчи кои се појавија во главната ждрепка обезбедени се по 25.000 долари.

Според експертите Мастерсот во Шангај се развива во правилна насока и наскоро може да се израмни со турнирот во Индијан Велс.

МИА