сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 13
home Останати спортови

Тројца македонски боксери на Националниот куп „Врбас 2019“

Тројца македонски боксери на Националниот куп „Врбас 2019“

Кадетската репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе настапи на Националниот куп во Врбас,  турнир со меѓународен карактер од А категоријата.

Македонскиот состав ќе го сочинуваат Илхан и Ајхан Озмен кои живеат  и тренираат во Германија и Ардијан Аземи кој оваа година  победи на престижниот турнир „Емил Жечев“ во Бугарија, а не претставуваше  и на ЕП во Галати.

Илхан Озмен ќе настапи во категоријата 60 кг, Ајхан Озмен во категоријата 66 кг. и Ардијан Аземи во категоријата +80 кг.

Македонските боксери ќе бидат предводени од тренерите Васко Цубалевски и Насер Харуни.