вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Трката во Формула 1 за ГН на Турција одложена за една седмица

Трката во Формула 1 за ГН на Турција одложена за една седмица

Трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Турција ќе се одржи една недела подоцна од планираното, објавено е на официјалната веб-страница на Ф1.

Оваа одлука е донесена поради фактот што Турција останува на „црвената листа“ на владата на Обединетото Кралство како регион со зголемен ризик од инфекција со коронавирус.

Во Формула 1, има неколку тимови со седиште во Англија.

Турското Гран при, првично закажано за 1-3 октомври во Истанбул, е одложено за 8-10 октомври.

Локални избори 2021