петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Трибините на АТП Мастерсот во Мадрид ќе бидат исполнети до 40 проценти од капацитетот

Трибините на АТП Мастерсот во Мадрид ќе бидат исполнети до 40 проценти од капацитетот

Претстојниот АТП Мастерс турнир во Мадрид ќе биде со присуство на публика. На шест дена до почетокот на турнирот, организаторот одлучи да бидат отворени трибините и тоа со капиацитет од 40 отсто.

Турнирот во Мадрид ќе се игра од 27 април до 9 мај.

„Ќе се игра со 40 отсто капацитет на трибините, што значи дека најмногу на еден меч, на трибините ќе може да има до 4.800 гледачи. Ова е значително помал капацитет од тој со кој располагаме, но едноставно мора да се гарантира безбедноста на навивачите и да се запази протоколот. Ние ќе бидеме прв спортски настан во Шпанија на кој ќе има публика и мора да бидеме одговорни“,  стои во соопштението на организаторот на АТП Мастерсот во Мадрид.

Овој турнир минатата година не се одигра поради пандемијата со Коронавирусот.

Коронавирус