понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 58
home Останати спортови

Три вежби за загревање пред трчање

Три вежби за загревање пред трчање

Физичката активност е многу важна за здрав живот, а трчањето е препорачлива активност и за спортистите и за луѓето кои се рекреираат според нивните можности. Без оглед на тоа колку често трчате и во каква физичка форма сте, не смеете да заборавите да се загревате пред трчање.

Телото секогаш треба да биде подготвено пред интензивна физичка активност, а трчањето спаѓа во тоа, пишува Stylist. Вежбањето и истегнувањето се составен дел и важно е да се знае дека сите вежби немаат ист ефект на организмот и во тој случај треба да обрнете внимание да не дојде до спротивен ефект.

Погледнете кои вежби се корисни за згревање пред трчање:

1. Исчекори

Добри се за истегнување на нозете и помагаат за општа стабилност, силина и еластичност.

2. Кревање на една нога

Оваа вежба ги растегнува тетивите и ги активира мускулите. Треба да застанете на десното стапало и благо да го свиткате коленото така што левата нога да биде малку над земјата.

3. Странично подигање на колената

Оваа вежба е добар начин за активирање на глутеусот (задникот), а пред почетокот на трчање оваа вежба ќе ја намали можноста од повреда. Потребно е да легнете на страна со едната нога преку другата и колената да гледаат на предната страна, а стапалата да бидат во линија со глутеалните мускули.

Коронавирус