среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 127
home Останати спортови

Три кардио вежби со кои ќе ослабете исто како со трчање

Три кардио вежби со кои ќе ослабете исто како со трчање

Постојат многу митови кога станува збор за вежбањето. На пример, доколку јадете црно чоколадо пред тренинг не е штетно туку има позитивно влијание врз телото. Чоколадото го забрзува метаболизмот и ни дава сила.

Исто така се верува дека со трчањето ќе согорите најмногу калории, но сепак постојат вежби со кои ќе постигнете резултати за кратко време.

Вежба burpee

Оваа вежба е одлична бидејќи за само 10 минути ќе согорите повеќе од 100 калории. Со оваа вежба ќе го активирате целото тело, мускулите на рацете, мускулите на грбот, мускулите на задникот и стомакот.

Чучнете и ставете ги дланките на подот пред вас. Скокнете во положба на склек. Направете склек па вратете се во првичната положба. За една минута може да направите 20 повторувања.

Кикбокс

За кикбокс не ви треба партнер, може да користите вреќа. За 60 минути ќе согорите од 350 до 450 калории. Овој тренинг ќе ви помогне да ги зајакнете мускулите и да слабеете, а исто така е одличен и за срцето.

Удари со колена

Ова е сложена вежба која согорува многу калории, а со неа ќе ги зацврстите и мускулите на целото тело.

Кренете ги раце, подигнете го левото колено и во исто време повлечете ги рацете надоле. Повлечете го коленото кон прстите, свиткајте ги рацете и повлечете ги надоле. Вратете се во почетната положба. Правете по 1 повторување во минута за секоја страна.

Внимавајте на исхраната и ќе постигнете резултати.

Коронавирус