среда, 19. септември 2018. Вести денес: 131
home Останати спортови

ТРАГЕДИЈА: Млад хрватски кикбоксер почина на турнир во БиХ

ТРАГЕДИЈА: Млад хрватски кикбоксер почина на турнир во БиХ

Млад хрватски кикбоксер почина за време на турнир во Босна и Херцеговина.

Станува збор за 16-годишно момче од Славонски Брод, кое на натпреварот добило силен удар под ребрата. Toј иако паднал, сепак ја продолжил борбата.

На излегување во ходникот од салата му се слошило и по укажаната прва помош веднаш бил префрлен во болница.

И покрај обидите за реанимација момчето им подлегнало на повредите. (МИА)