недела, 16. декември 2018. Вести денес: 86
home Останати спортови

Тони Надал: Рафаел ќе ја освои 11-та титула на „Ролан Гарос“

Тони Надал: Рафаел ќе ја освои 11-та титула на „Ролан Гарос“

Поранешниот долгогодишен тренер на Рафаел Надал и негов чичко, Тони Надал, прогнозира нов триумф за својот внук на овогодинешниот „Ролан Гарос“.

– Кога ја освои својата прва Гренд слем титула, првиот „Ролан Гарос“, помислив за Бјорн Борг, кој според мене беше најдобриот играч на сите времиња. Тоа беше пред Рафаел, сега не знам, се пошегува Тони.

Тренерот изјави дека кога го освоил првиот трофеј од Отвореното првенство на Франција, не ни помислувал дека Шпанецот може да освои дури десет.

– Кога го освои првпат, не мислев дека може да го направи тоа десет пати, но откако го освои два пати знаев дека може да го направи и три пати. Во 2017-та година, кога си заминав, му реков на семејството: „Тој ќе победи оваа година“. Кога го стори тоа, веднаш го повикав мојот син и му реков: „Се сеќаваш ли што ти реков?“ Секогаш сум верувал дека може да победи, исто како што верувам дека може да победи и по 11-ти пат, објасни поранешниот тренер на Надал.

Надал постариот вели дека иако освоил 10 титули, Рафа почнува од почеток во неговиот обид да ја освои единаесеттата.

– Кога го освојуваше и држеше трофејот во свои раце, му велев: „Добро, сега го имаш трофејот. Но следната година, кога ќе се вратиш, овој трофеј нема да значи ништо. Секоја година е посебна“, додава Тони Надал.