среда, 31. мај 2023. Вести денес: 101
Во живо

Трибина на тема „Политики за развој енергетскиот сектор“

home Останати спортови

Томи Хас објави крај на професионалната кариера

Томи Хас објави крај на професионалната кариера

Германски тенисер Томи Хас денеска официјално соопшти дека става крај на својата кариера.

Тој се наоѓа на Мастерсот во Индијан Велс каде ја извршува должноста директор на турнирот.

Веста за збогувањето од професионално играње тенис Хас ја соопшти по мечот меѓу Роџер Федерер и Хјеон Чунг. Токму Федерер е последниот кој го победи Хас во јуни минатата година во Штутгарт.

39-годишниот Хас во кариерата има 539 победи и 338 порази со освоено 15 АТП титули. Има сребрен медал од Олимијадата во Сиднеј 2000 година.

На АТП листата највисоко с еискачил до втората позиција.