недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 178
home Останати спортови

Томас Бах останува на чело на Интернационалниот Олимписки Комитет

Томас Бах останува на чело на Интернационалниот Олимписки Комитет

Германецот Томас Бах останува на чело на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) откако победи на изборите со убедлив резултат 93:1.

Тој продолжува на кормилото на ИОК до 2025 година. Германецот на оваа позиција го наследи Жак Рог во 2013 година.

-Благодарам од срце на големата доверба што ми ја дадовте. Сакам и понатаму заедно да продолжиме да ги остваруваме амбициозните цели, особено откако ќе заврши пандемијата со коронавирусот, изјави Бах.

Претседателот на ИОК по статусот може да има само два мандати, првиот од осум и вториот од четири години.

 

Коронавирус