петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 44
home Останати спортови

Токио ќе се откаже од организација на ЛОИ, ако игрите не се одржат ни идното лето

Токио ќе се откаже од организација на ЛОИ, ако игрите не се одржат ни идното лето

Јапонската престолнина Токио ќе се откаже од Летните Олимписки игри и нивна организација ако пандемијата со коронавирус не дозволи одржување на најголемиот светски спортски собир идното лето, откако овие игри неодамна беа преместени за 12 месеци поради експлозијата од Ковид-19 од кој над 3 милиони луѓе во светот се заразани, а над 200.000 починаа.

Првиот човек на организацискиот одбор „Токио 2020“, Јоширо Мора во интервју за дневниот весник „Никан Спорт“, објави дека игрите најверојатно ќе бидат откажани, ако не може да се одржат ниту идната година. Ова доаѓа откако се погласни се најавите дека Олимписките игри би можеле и идното лето да не се одржат, ако до тогаш нема вакцина за опасниот коронавирус, кој коси низ светот во моментов.

„Ако не се одржат и догодона игрите, тие ќе бидат откажани“, рекол Мора, одговарајќи на прашање дали е можно ЛОИ во Токио повторно да се презакажат за летото 2022 година.

Јапонија е убедена дека идното лето од 23 јули до 8 август ќе може нормално да се одржи најголемиот спортски собир.

Коронавирус