среда, 22. септември 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

ТОЈ е првиот тенисер позитивен на коронавирус на ОИ во Токио

ТОЈ е првиот тенисер позитивен на коронавирус на ОИ во Токио

Холандскиот тенисер Жан – Жулиен Рожер го откажа настапот на Олимписките игри во Токио во конкуренција на двојки поради позитивен тест на коронавирус

Рожер и Весли Кулхоф беа назначени за осми носители во конкуренција на двојки, а во првото коло ги совладаа Белгијците Сандер Жил и Јоран Влиеген со 6:3, 7:6.

-За жал, докторот ме повика денеска за да ми соопшти дека мојот тест е позитивен. Немам зборови, направив се што можев за да не се заразам и навистина не знам како се случи тоа, изјави Рожер, кој е првиот спортист позитивен на Ковид-19 на олимпискиот тениски турнир и вкупно шести заразен член во холандската делегација. (МИА)

Коронавирус