понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Тод: Фетел има многу можности да ја продолжи кариерата, дури и надвор од Формула 1

Тод: Фетел има многу можности да ја продолжи кариерата, дури и надвор од Формула 1

Претседателот на ФИА, Жан Тод, го коментираше она што се случи минатата недела со четирикратниот шампион Себастијан Фетел. Французинот, кој е поранешен шеф на Ферари и има огромна заслуга за најголемите успеси во историјата на „Скудерија“, е на мислење дека кој и тим да потпише со Германецот за следната година, ќе има многу среќа во оваа ситуација.

Себастијан Фетел и Ферари официјално објавија дека оваа година ќе биде последната во која заедно ќе се натпреваруваат. Така, по шест години Себ ќе може да преговара со тимови како Мерцедес, Рено и други.

– Себастијан Фетел е еден од најголемите таленти во мотоспортот. Тој има многу можности да ја продолжи кариерата, дури и надвор од Формула 1. Можам само искрено да посакам да може да ги спроведе своите идеи. Без оглед кој тим ќе потпише со него, од сега па натаму ќеима многу среќа. Можеби по години тој ќе биде многу добар претседател на ФИА. Вие не знае што може да се случи, рече Жан Тод.

Коронавирус