понеделник, 10. декември 2018. Вести денес: 130
home Останати спортови

Тим ја прекина доминацијата на Надал

Тим ја прекина доминацијата на Надал

Австрискиот тенисер Доминик Тим го совлада Рафаел Надал со 2:0 во сетови (7:5; 6:3)  и обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид.

Тим го изненади шпанскиот тенисер и го елиминираше од турнирот, прекинувајќи ја неговата доминација на земјена подлога.

Австриецот покажа сигурна и агресивна игра, особено во вториот сет.

Надал немаше решение за разиграниот Тим, кој дојде до третата победа во нивниот седми меѓусебен натпревар.

Во полуфиналето австрискиот тенисер ќе се соочи со Кевин Андерсон кој го совлада Србинот Душан Лајовиќ.

МИА