Возачот на Заубер, Маркус Ериксон, доживеа тешка несреќа на почетокот на вториот тренинг пред Големата награда на Италија, но за среќа помина без повреди.
Шведскиот возач изгуби контрола над болидот и удри во заштитната ограда. Иако возилото беше целосно уништено, сепак Ериксон излезе од него без ниту една гребнатина.
Првиот ден на патеката „Монца“ го одбележаа променливи временски услови, а возачот на Ферари, Себастијан Фетел, оствари најдобро време.