среда, 20. март 2019. Вести денес: 86
home Останати спортови

Тенисерот со солзи во очите: Дојде крајот, веќе немам сили!

Тенисерот со солзи во очите: Дојде крајот, веќе немам сили!

Поранешниот најдобар светски тенисер, Британецот Енди мареј го најавува крајот на кариерата.

Повредите го сториле своето, Енди Мареј веќе нема сили да игра на највисоко ниво и поради тоа најавува брзо завршување на кариерата како тенисер.

Тажната вест стигнува од Мелбурн , каде 31 годишниот Мареј се подготвува за учество на првиот тениски Грен слем во 2019 Австралија опен. Што најверојатно ќе биде неговиот последен натпреварувачки турнир.

„Не се чувствувам добро веќе долго, долго…Под константни болки сум веќе 20 месеци. Направив се што можев за да ги решам проблемите со колкот, но болката беше пресилна. Му кажав на својот тим уште во декември да вака нема да можам да продолжам“, зборувал низ солзи Енди Мареј, кој ќе мора да замине на уште една операција на повредениот колк.

Поранешниот олимписки шампион и најуспешен британски тенисер, би сакал да се прости од тенисот на домашен терен, на Вимблдон, но не знае дали неговото тело ќе може да издржи до јули.

„Би сакал во Лондон да ја завршам кариерата, но не сум сигурен дали ќе успеав во тоа“, истакнал Мареј.

Инаку, досега во кариерата Енди Мареј има освоено три Грен слем титули(два Вимблдона, и УС Опен) и има две олимписки злата од игрите во Лондон 2012 и Рио 2016 година.