петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 85
home Останати спортови

Тенисерот ја шокираше јавноста: „Некој се обидува да ми го уништи животот“

Тенисерот ја шокираше јавноста: „Некој се обидува да ми го уништи животот“

Германскиот тенисер Александар Зверев опширно зборуваше за проблемите со кои се соочува.

Зверев зад себе има просечна сезона, во која успеа да освои само една титула, на турнирот во Женева. Тој на грен слем турнирот Вимблдон, кој се игра во моментов, дојде со големи очекувања, но беше елиминиран уште во првото коло од Чехот Јиржи Весели.

Во текот на една прес – конференција во Лондон, Германецот се насочи на проблемите кои му ги прави неговиот поранешен менаџер, Патрисио Апеј.

-Некој се обидува да му го уништи животот. Некој кој ми беше премногу близок. Не знам како може тоа да ми го прави. Тоа е лудост. Многу сум гневен поради сето ова, особено што станува збор за личност со која бев во близок однос и која сега се обидува да ми го направи животот пекол. Тој намерно тоа ми го прави. Не смеам да кажам ништо опширно, но сето ова е апсурдно и премнгу влијае на мене. Мислев дека сме пријатели, дека сме блиски, но не сме, ја шокираше јавноста Зверев.

Апеј претходно соработуваше и со тенисери како што се Фернандо Гонслаес, Гилермо Корја и Габриела Сабатини, а во медиумите се шпекулира дека Зверев наскоро ќе најде нова менаџерска компанија.