сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Тед Лигерти ја заврши скијачката кариера

Тед Лигерти ја заврши скијачката кариера

Трофејниот американски скијач Тед Лигерти одлучи малку порано од планираното да ја заврши својата кариера поради повреда на грбот.

Лигерти (36), кој претходно освои пет светски и две олимписки титули, планираше да ја заврши кариерата со настап во својата омилена дисциплина велеслалом на Светското првенство во Кортина д“ Ампецо што ќе се вози идната недела.

– Го имам најсилниот ишијас во животот. Не знам што го активираше. Магнетната резонанца покажа изместување на два диска и со сигурност не можам да скијам. Бев возбуден поради фактот дека можев да кажам збогум под сопствени услови. За жал, не било судено, мојот грб ми испрати порака дека тој е газда, изјави Лигерти.

ЕУРО 2020

Македонија