среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 124
home Останати спортови

„Тажно е ова што му се прави на Ѓоковиќ“

„Тажно е ова што му се прави на Ѓоковиќ“

Одлуката на АТП, практично да му забрани на Новак Ѓоковиќ да учествува на изборите за Советот на играчи, предизвика големо внимание и реакции.

Пол Мекнами, поранешниот директор на Австралија опен, смета дека е направена голема неправда кон репрезентативецот на Србија.

„Тажно е тоа што му се прави на Новак. Неверојатно е дека на светски број еден рекет му е забрането да се бори за правата на тенисерите“, рече Мекнами.

Ѓоковиќ објави дека АТП усвои правило дека сите играчи кои се членови на новоформираното Здружение на професионални тенисери (ПТПА) или кое било друго здружение, имаат „судир на интереси“ и не можат да бидат избрани во Советот на играчи. Србинот рече дека тој бил дел од PTPA, која е основана без намера да биде во судир со АТП.

„Мислам дека ова не е демократски начин и дека ова не се принципите врз кои треба да се заснова АТП. Основачите на оваа организација, вклучително и големиот Артур Еш, би се срамеле од оваа одлука, која првенствено е насочена против тенисот“, напиша Мекнами.

Коронавирус