петок, 30. септември 2022. Вести денес: 0
home Останати спортови

Тажна судбина на британската надеж за олимписки медал: Игрите за неа завршија уште пред да почнат

Нејзината приказна во Пјонгчанг е навистина тажна. На првиот тренинг падна и заработи скршеница на зглобот на раката, се обиде повторно да тренира и во нов пад го скрши глуждот на ногата.
Тажна судбина на британската надеж за олимписки медал: Игрите за неа завршија уште пред да почнат

Кети Ормеруд беше најголемата британска надеж за златни олимписки медали, но сонот за одличје воп Пјонгчанг и заврши уште пред да почнат Игрите.

На тренинг познатата британска натпреварувачка во сноуборд, заработи двојна скршеница, во два дена и нема да се трка за медалите.

-Скршена сум потполно. Толку се радував што ќе учествувам на Игрите во Пјонгчамг, но сето тоа се распрсна како меур. Ќе чекам нова шанса и ќе морам прво да закрепнам, па потоа и да работам напорно, изјави Кети.

Нејзината приказна во Пјонгчанг е навистина тажна. На првиот тренинг падна и заработи скршеница на зглобот на раката, се обиде повторно да тренира и во нов пад го скрши глуждот на ногата.

Коронавирус