сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 32
home Останати спортови

Тампа Беј го освои Стенли купот по втор пат во историјата

Тампа Беј го освои Стенли купот по втор пат во историјата

Екипата на Тампа Беј рано утрово го победи Далас старс во финалето на Стенли купот со 2:0 и со вкупни 4-2 во финалната серија го освои трофејот во НХЛ.

Ова е втора шампионска титула во историјата на клубот.

Претходно Тампа го освои Стенли купот во 2004 година, победувајќи го Калгари во финалето (4-3).

На патот до финалето во плејофот, новиот шампион во најсилната хокеарска лига на светот, ги совлада Колумбос (4-1), Бостон (4-1) и Ајлендерс (4-2).

Коронавирус