среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 55
home Останати спортови

Тајсон Фјури ќе ја брани титулата против Дилиен Вајт

Тајсон Фјури ќе ја брани титулата против Дилиен Вајт

На Тајсон Фјури му е наредено да ја брани шампионската титула во тешка категорија против Дилиен Вајт во пролетта 2022 година.

ВБЦ му нареди на својот шампион да се сретне со нивниот привремен првак. Планирано е битката да се одржи во Англија.

Ова е разочарувачка вест за сите кои се надеваат да го видат Фјури против Александар Усик. Во секој случај, Ентони Џошуа нема намера да се откаже од бркањето на Усик за итен реванш, а Фјури ќе биде во рингот против Вајт.

Фјури последен пат го совлада Дионтеј Вајлдер со нокаут во 11. рунда во третата меѓусебна битка. Пред тоа забележа победа со ТКО над Американецот.

Џипси кинг ги имаше титулите ВБА, ИБФ, ВБО, ИБО и Ринг откако го победи Владимир Кличко, но потоа се повлече од спортот поради проблеми со менталното здравје.

Вајт забележа победа со ТКО над Александар Поветкин и со тоа ја освои провизорната титула. Тој претходно загуби со ТКО од Поветкин и ја загуби титулата на ВБЦ. Неговиот втор пораз е со TKO од Ентони Џошуа. Вајт има победи над имиња како Дерек Чисора, Џозеф Паркер и Оскар Ривас.

Коронавирус