среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 37
home Останати спортови

Таеквондо клубот кој што пишува спортска историја денеска го слави 14. роденден

Таеквондо клубот кој што пишува спортска историја денеска го слави 14. роденден

Таеквондо клубот Бутел денеска прославува 14 години постоење на клубот.

Клубот зад себе има богата историја, со многу освоени златни, сребрени и бронзени медали на балкански и меѓународни турнири и првенства.

„14 ГОДИНИ ТАЕКВОНДО КЛУБ БУТЕЛ ❗️🏔
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН !
3 фебруари 2007 година, од овој ден до ден денеска во многу луѓе живее магија која нема начин да се опише. Многу убави, многу мачни и тешки моменти и безброј заеднички спомени од Аргентина, Кореа, Канада, Шпанија, Полска, Австрија, Кипар, Турција, Латвија, Италија, Англија, Русија, Шведска, цел Балкан и други држави во безброј незаборавни патувања со една цел: ЗА МАКЕДОНИЈА ДО КРАЈ, стои во Фејсбук статусот на Дарко Костовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Нашиот клуб Бутел пишува македонска спортска историја на што сме особено горди, тој создаде плејада на врвни спортисти кои достоинствено го претставуваат македонското знаме во олимпискиот спорт Таеквондо, пишува тој.

Во продолжение целосниот Фејсбук статус на Дарко Костовски.

ЕУРО 2020

Македонија