петок, 24. мај 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Таеквондо Клуб Бутел меѓу шесте најдобри во Европа

Таеквондо Клуб Бутел меѓу шесте најдобри во Европа

-Таеквондо Клуб Бутел, со особено задоволство ве известуваме дека на официјалното клубско рангирање кај најважната сениорска селекција на европското клубско првенство во олимписко таеквондо од вкупно 41 клуб учесник со сениорски тимови таеквондо клуб Бутел е рангиран како 6ти најдобар сениорски клуб во европа !!!

Сениорските златен и сребрен медал на Филип и Дејан овој пат ни донесоа силен печат и огромно европско признание на нашиот клуб Бутел.

Ова големо клубско достигнување е силен и дополнителен мотив за понатамошна борба и остварување на нашите соништа, стои во соопштението на клубот.