вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Останати спортови

СЗО: Се надеваме дека ЛОИ ќе се одржат оваа лето

СЗО: Се надеваме дека ЛОИ ќе се одржат оваа лето

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека се надева дека Летните Олимписки игри во Токио сепак летово ќе се одржат и покрај огромното зголемување на зараза од коронавирус во Јапонија.

„Се надеваме дека ЛОИ сепак ќе се одржат летово“, рече вчера Мајк Рајан, директорот за вонредни ситуации на СЗО

Според него, систематскиот пристап на Јапонија ги стабилизирале процентот на заразени, но тој останува висок, со надеж дека полека ќе почнат да се намалуваат, но посочи дека одлуката како ќе се организираат Игрите, со мал број на гледачи или без нив, ќе се знае скоро пред стартот на најголемиот спортски настан.

„Некои одлуки како број на гледачи веројатно ќе мора да се донесат непосредно пред отворањето, зашто во најголема мера ќе зависи од бројот на заразени од ковид-19, а веќе сите знаете дека странски гости нема да може да дојдат освен спортистите, со основната придружба, како тренери, технички персонал.Нема да биде изненадување ако Игрите сепак бидат без публика“,  додаде Рајан. ЛОИ во Токио треба да се одржат од 23 јули до 8 август.

ЕУРО 2020

Македонија