недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Светскиот рекет број 3 се повреди на тренинг, се уште не се знае неговата состојба

Светскиот рекет број 3 се повреди на тренинг, се уште не се знае неговата состојба

Светскиот рекет број 3, Марин Чилиќ се повреди за време на тренинг со Рафаел Надал и неизвесно е неговото учество на „Мастерс 1000“ турнирот во Монте Карло.

Хрватскиот тенисер денеска имаше тренинг со светскиот број 1 на АТП листата, но се повлече предвреме поради повреда на коленото.

Сепак, се уште не се знае состојбата на Чилиќ и се очекува да биде соопштено во следните неколку часови.

Доколку Хрватот продолжи на турнирот, тој ќе се сретне со Фернандо Вердаско, кој го совлада Пабло Куевас со 2:1 во сетови.

Коронавирус