четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 80
home Останати спортови

Светската шампионка Хејнова заминува во пензија

Светската шампионка Хејнова заминува во пензија

Двократната светска шампионка на 400 метри со пречки, чешката атлетичарка Зузана Хејнова, најави дека се повлекува од атлетиката.

Причина за завршување на кариерата е нејзината бременост, а Хејнова, покрај тоа, изминатите две години имаше проблеми со чести повреди и последен пат се појави на атлетската патека во септември 2020 година.

– Зад мене е одлична кариера, а сега се радувам на новата улога во животот рече 35-годишната трофејна чешка атлетичарка.

Хејнова освои злато на светските првенства во Москва (2013 година) и во Пекинг (2015), а на Олимпијадата 2012 во Лондон се закити со бронзениот медал.

Коронавирус