петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Светот плаче од смеење: Светска хокеј ѕвезда, а го изведе – најглупавиот пенал!? (ВИДЕО)

Светот плаче од смеење: Светска хокеј ѕвезда, а го изведе – најглупавиот пенал!? (ВИДЕО)

Еден од најдобрите хокеари во моментов во најсилната лига НХЛ, Бред Марчанд успеа да го направи најглупавиот можен потег при изведување на пенали и поради тој кикс неговиот клуб Бостон Бруинс да го загуби мечот со Филаделфија Флаерс.

Пресметката заврши 5-5 по регларниот дел, па за победа решаваа – пеналите. И кога дојде ред на Марчанд, тој се залета, ама успеа да го промаши пакот на средина од лизгалиштето и според правилата, тоа значи дека практилно промашил во пенал-серијата.

Навивачите на Бостон останаа без зборови, додека остатокот на љубители на хокејот прснаа од смеење од – глупоста на векот.