четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Останати спортови

Стојоски ќе ја брани честа на македонската атлетика на ОИ во Токио

Стојоски ќе ја брани честа на македонската атлетика на ОИ во Токио

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски доби вајлд карта за настап на летните Олимписки игри во Токио.

Одлуката, како што официјално е соопштено, ја потврди денеска Македонскиот олимписки комитет (МОК) водејќи се од пропозициите на Светската атлетска федерација право на настап на Игрите во Токио да добие најдобро рангираниот атлетичар во дисциплината во којашто настапува.

-Во моментов, според овие пропозиции на Светската атлетска федерација, тоа е Јован Стојоски, кој воедно има и најдобар резултат според IAAF таблица на отворено, во олимписка дисциплина Со неговиот резултат од 46,82 на 400 метри тој успеа да го обезбеди својот пласман за Олимпијадата во Токио, соопшти Македонската атлетска федерација.

Атлетичарот Стојоски е осмиот македонски спортист што има обезбедено настап на Олимпијадата, која од 23 јули до 8 август ќе се одржи во Токио.

Коронавирус