среда, 26. септември 2018. Вести денес: 104
home Останати спортови

Стефановски заврши на 13. место во првата трка на Хунгароринг

Стефановски заврши на 13. место во првата трка на Хунгароринг

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе заврши на 13-тото место на патеката Хунгароринг во Унгарија, која се вози како дел од ТЦР шампионатот.

Иџе тргна од 17 место и до крајот успеа да напредува четири позиции. Стефановски направи 12 круга за време од 26.50.306 минути.

Вториот македонски возач, Виктор Давидовски, кој тргна од 23-тото место, се пласираше на 14-тата позиција во конечниот пласман.

Победник на трката во Унгарија е српскиот возач Душан Борковиќ.

Втората трка на „Хунгароринг“ се вози утре од 11:50 часот.