четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Српската шампионка во фитнес и бодибилдинг Александра Цимеша ненадејно почина во 40-тата година (ФОТО)

Српската шампионка во фитнес и бодибилдинг Александра Цимеша ненадејно почина во 40-тата година (ФОТО)

Српската шампионка во фитнес и боди-билдинг Александра Цимеша, ненадејно почина на 40-годишна возраст. Починала на пат кон дома враќајќи се од тренинг од теретаната, а според неофицијални информации, станува збор за срцев удар. Таа прикачила снимки од нејзиниот силен тренинг пред само неколку дена на својот Инстаграм.

Во неколку наврати, таа ја претставуваше Србија на континенталните шампионати и турнири на Балканот.

Инаку, Александра е родена 1981 година во Вршац, а дипломирала на Спортската академија, насока – спортови на сила и фитнес. Израснала во спортско семејство, а од најмала возраст му се посветила на спортот.Успешно тренирала кошарка и била репрезентативка во кадетската селекција.

Покрај тоа, таа тренирала и карате и кик- бокс.Работела и како инструктор по фитнес и аеробик, анекое време се занимавала и со спортско новинарство.

ЕУРО 2020

Македонија