сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Србија на првиот ден го освои првиот медал на Олимписките игри

Србија на првиот ден го освои првиот медал на Олимписките игри

Дамир Микец го освои второто место во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри и на Србија и го донесе првиот медал на Олимписките игри.

Микец го освои сребрениот медал на натпреварувањето во кое победи Џавада Форуги од Иран со 244,8 кругови со што постави нов олимписки рекорд. Трет беше Кинезот Веи Панг.

„Уште не сум свесен за успехот кој го направив. Веќе долго време саам да ги комплтирам сите медали, олимпискиот беше тој кој ми недостасуваше“, изјави Микец.

Во ова натпреварување учествуваше и нашиот Борјан Бранковски кој го освои 21. место.

Коронавирус