четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 43
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Останати спортови

Србија ја одбрани европската титула во ватерполо

Србија ја одбрани европската титула во ватерполо

Ватерполистите на Србија се старо-нови европски шампиони. На Европското првенство во Барселона, Србија ја победи домашната селекција на Шпанија.

Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник со резултат 7-7 (0-1, 3-3, 3-2, 1-1), па шампионот беше одлучен по изведувањето на пеналите, по кои „делфините“ стигнаа до победата со 5-3.

Србија ја продолжи доминацијата на Европските првенства, откако немаат пораз од 2012 година, а во Барселона го освоија четвртиот златен медал по ред.

Во дуелот за бронзата, Хрватска ја совлада Италија со 10-8 (4-0, 3-5, 2-1, 1-2).

За најдобар играч на турнирот беше избран Филип Филиповиќ (Србија), додека наградата за најдобар голман ја доби Даниел Лопез Пинедо (Шпанија).

Јоанис Фунтулис (Грција) заврши како прв стрелец на шампионатот во Шпанија.

Парламентарни избори 2020