понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 133
home Останати спортови

Србија има наследник на Ѓоковиќ: Тенискиот вундеркид во 2.коло на АО

Србија има наследник на Ѓоковиќ: Тенискиот вундеркид во 2.коло на АО

Талентираниот српски тенисер Хамад Меџедовиќ одлично стартуваше на јуниорскиот Австралија опен и во 1.коло го совлада Русинот Никита Харишин со 6-3 и 6-4.

Српските медиуми веднаш го нарекоа „новиот Ѓоковиќ“, па од Меџедовиќ се очекува многу во иднина. Тој во следната рунда ќе се сретне со вториот носител на турнирот, Мартин Дем од САД.

Моментално младиот Србин се наоѓа на 1.580 место на АТП ранг-листата, а многу трениски експерти му предвидуваат блескава кариера. Меџедовиќ играл спаринг мечеви со Јанко Типсаревиќ и сите биле воодушевени од неговиот талент.

Неговата кариера засега се развива одлично, па наскоро треба да го видиме и во сениорска конкуренција против најдобрите.

Коронавирус