петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 22
home Останати спортови

Сопственикот на најбогатиот клуб во светот го прашале за цена, одговорот шокирал

Сопственикот на најбогатиот клуб во светот го прашале за цена, одговорот шокирал

Далас каубојс професионален клуб од американски фудбал (рагби) според Форбс трета година е на врвот од листата на највредни клубови во светот со проценета врендост од 4,8 милијарди долари.

Освен него останатите на листата се Манчестер јунајтед (4,12 милијарди долари), Реал Мадрид (4,09), Барселона (4,06) и Њујорк јенкиз (4 милијарди долари).

Џери Џонс актуелен сопственик и претседател го купил клубот во февруари 1989 годна за 150 милиони долари.

– Ако морам да го продадам, за Далас каубојс не би се согласил за цена пониска од 10 милијарди долари. Но, тимот не е на продажба, тоа е моја сопственост се додека не се откажам од него или не умрам. Можеби звучи како претерано, но попрво би бил сопственик на Далас каубојс отколку на 10 милијарди долари, вели Џери Џонс (76) кој е моментно 321 најбогат човек во светот (6,9 милијарди долари) богатсво стекнато на нафтени платформи.

Коронавирус