вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 113
home Останати спортови

Сопругата на Иџе со емотивен статус: Ти си мојата гордост и љубов, јас никогаш не се посомневав во твојата способност

Сопругата на Иџе со емотивен статус: Ти си мојата гордост и љубов, јас никогаш не се посомневав во твојата способност

Игот Стефановски-Иџе ја освои пол-позицијата и на сето тоа славеше на втората трка денес, но победата од нејасни причини му беше одземена.

-Овој викенд докажавме дека сме тим кој може да парира на најдобрите, жал ми е што добивме банална казна која само организаторот знае за што е дадена, можеби ќе им пречеше покрај толку јаки италијански тимови да го развиоревме македонското знаме, напиша Иџе.

Со емотивен статус излезе и неговата сопруга Емилија Стефановска:

-Мојата гордост, мојата љубов. Мило ми е што им докажа на сите колку вредиш, јас никогаш не се посомневав во твојата способност за возење, ти се восхитувам на твојата храброст и упорност и знам дека ти си човек кој никогаш не се откажува…ТЕ САКАМ😘…