среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Останати спортови

Соборен светскиот рекорд во фрлање ѓуле

Соборен светскиот рекорд во фрлање ѓуле

Американскиот атлетичар Рајан Кроузер го собори светскиот рекорд во дисциплината фрлање ѓуле, што од мај 1990 година беше во сопственост на неговиот сонародник Ренди Барнс.

На првиот ден од американските олимписки квалификации во сојузната држава Орегон, 28-годишниот Кроузер го фрли ѓулето рекордни 23,37 метри, со што обезбеди настап на Игрите во Токио на кои ќе го брани олимпиското злато освоено на Олимпијадата 2016 во Рио де Женеиро.

Досегашниот светски рекорд во сопственост на Барнс изнесуваше 23,12 метри.

–Во моментот кога ѓулето ми ја напушти раката знаев дека тоа е добро, им изјави на новинарите новиот светски рекордер Кроузер.

Коронавирус